Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, зборуваше за плановите на тимот за едномесечната пауза во Формула 1 шампионатот пред трката за Големата награда на Азербејџан.

- Како тим, ја користиме оваа пауза во првенството за да работиме повеќе на болидот и да подготвиме ажурирања што е можно поскоро со кои сакаме да станеме поконкурентни. Сезоната ќе биде долга. Остануваме крајно мотивирани и ќе дадеме максимум од себе за најдобро и најкорисно да ја искористиме паузата пред трката во Баку. Целосно сме фокусирани да бидеме подобри и да се вратиме на истото ниво како Ред Бул. Знаеме што треба да направиме. Добро ни оди во квалификациите ако болидот добие доволно добар стисок. Но, штом стисокот почнува постепено да паѓа, во трката, ни станува многу потешко, перформансите на болидот паѓаат. Мора да работиме на исправување на оваа ситуација, изјави Леклер.

Леклер во Генералниот пласман за возачи е на 10. место со шест освоени бода, аvво поредокот на конструктори, Ферари е четврти со 26 бода



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2023 18:35