Никогаш не се сомневав во себеси и знаев дека ќе постигнам големи резултати во тенисот, рече рускиот тенисер Андреј Рубљов по вчерашниот триумф во Конте Карло што за него прв трофеј на турнирите од серијата Мастерс 1000.

Во финалето 25-годишниот Рубљов го победи Данецот Холгер Руне и дојде до својата 13 АТП титула во кариерата.

Во својата рана младост, моментно шестиот светски рекет тренираше бокс, но одлучи да се посвети на тенисот.

„Во боксот не бев среќен, а барав нешто што ќе ме усреќи. Во боксот веројатно не се чувствував пријатно бидејќи сите беа поголеми од мене. Сакав да побегнам од тоа и добро е што така заврши. Во тенисот се пронајдов себеси. Тенисот отсекогаш ме исполнуваше. Уживам и сè уште верувам дека тоа е многу важно за успех“, изјави Рубљов, кој оваа недела го очекува настап на АТП турнирот во Бања Лука, каде е втор носител.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2023 05:14