Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја одби понудата од Србинот, Новак Ѓоковиќ за тренерски ангажман и место тоа му предложи на најдобриот светски тенисер да вечераат заедно.

Ѓоковиќ во средата на шега рече дека би сакал да му биде тренер на Кирјос и оти за време на нивната соработка австралискиот тенисер би освоил пет грен – слем титули, но наведе дека тоа „нема да биде евтино“.

Кирјос на понудата одговори преку социјалните мрежи,

„Хаха, место тоа одиме на вечера и пијалак“, наведе 27-годишниот Кирјос.

Двајцата тенисери во последно време имаат пријателски однос за разлика од минатото кога Кирјос честопати говореше за Ѓоковиќ во негативен контекст и во една прилика рече дека „не може да го поднесе“



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2023 03:53