Италијанскиот тенисер Матео Беретини ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид.

- Почнав интензивна програма за рехабилитација во Барселона. Ќе дадам се од себе за да се вратам на натпреварувањето што е можно поскоро. За жал, нема да можам да играм во Мадрид. Ќе ве информирам. Ви благодарам за поддршката, напиша Беретини на социјалните мрежи.

Минатата недела 27-годишниот тенисер се повлече од третото коло на Мастерсот во Монте Карло поради проблем со стомачни мускули.

Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 26 април до 7 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2023 11:21