Македонската репрезентативка во традиционално таеквондо, Христијана Парулеска од Охрид, освои златен медал на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.

Државната првенка Парулеска во финалето во борба до 50 килограми ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на континенталниот трон. Ова е првпат во историјата македонската химна да се интонира на Европско првенство во традиционално таеквондо.

Парулеска пред два дена во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2023 14:18