Големата награда на Монако би можела да биде откажана поради можни прекини на струја кои се случуваат поради протестите во Франција, пишува „Racingnews365“.

Во Франција старосната граница за пензионирање треба да се зголеми од 62 на 64 години, а луѓето ќе имаат право на целосна пензија само ако работеле најмалку 43 години. Поради овие реформи во земјата се одржуваат протести, вклучувајќи го и синдикатот на енергетскиот сектор.

Големата награда на Монако е закажана за периодот 26 - 28 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2023 04:55