По повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис, ТФСМ во следниот период ќе организира пет силни турнири.

- На наше големо задоволство, Тениската федерација на С. Македонија по повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис има план да организира пет меѓународни турнири во периодот мај – септември 2023, информираат од ТФСМ.

Со најголем награден фонд – 80.000 долари ќе биде „ATP Challenger 75“ (20 - 27 мај). „ITF World Tennis Tour M25“ (4 -11 јуни) и „ITF World Tennis Tour W25“ (септември) ќе се играат за награден фонд од 25.000 долари. „Billie Jean King Cup furope“ ќе се игра од 19 – 25 јуни).

За 7 мај е предвиден дипломатски турнир.

Турнирите се со цел популаризација на тенисот во Македонија и одбележувањето на јубилејната година и сите ќе се играат на терените на ТК Југ во Градски парк.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2023 12:32