Малкумина имаат можност да ја видат Земјата во живо од вселената... За останатите, американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА објави видео со слики од „Сината Планета“ во висока резолуција.
Станува збор за компилација снимки од нашата планета направени меѓу март 2022. и март 2023 година за време на експедициите „67“ и „68“ на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Благодарение на нив, секој може да се замисли во улога на член на МВС и да ужива во тој поглед речиси еден час. Земјата е прикажана како да се гледа низ прозорците на Станицата.