„Нетфликс“ следните четири години ќе вложи 2,5 милијарди долари во јужнокорејска продукција, објави извршниот директор Тед Сарандос по состанокот со претседателот на оваа далекуисточна земја, Јун Сук-јeол, во Вашингтон, САД.

- „Нетфликс“ со задоволство потврдува дека ќе инвестира 2,5 милијарди американски долари во Кореја - за создавање корејски серии, филмови и неспецијализирани емисии следните четири години... Овој инвестициски план е двојно повеќе од вкупниот износ што „Нетфликс“ го вложи на корејскиот пазар откако ја лансиравме нашата услуга во Кореја во 2016 година. „Нетфликс“ има голема доверба во креативната индустрија во Јужна Кореја што ќе продолжи да раскажува одлични приказни, изјави Сарандос.

Јужна Кореја го зацврсти својот статус на глобална културна сила последниве години, делумно благодарение на успехот на филмот „Паразит“ награден со „Оскар“ и хит-серијата „Игра со лигњи“ (Squid Game) на „Нетфликс".

- Неверојатно, љубовта кон корејските драми доведе до поширок интерес за Кореја, благодарение на привлечните приказни на корејските творци. Нивните приказни сега се во средиштето на светскиот културен дух, додаде Сарандос.

Во 2022 година, повеќе од 60 отто од гледачите на „Нетфликс“ гледале одржина од таа источноазиската земја, според податоците на компанијата. Стрим-платформата има вложено повеќе од 750 милиони долари за јужнокорејски содржини од 2015 до 2021 година. Компанијата и претходно соопшти дека ќе ја прошири продукцијата од Јужна Кореја. Сѐ уште не се наведени подробности за конкретните содржини.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2023 09:53