Раководството на МотоГП натпреварувањето ја откажа трката во Казахстан, која требаше да се вози на 9 мај, со што во календарот на Светското првенство во мотоциклизам за оваа сезона останаа 20 трки.

Петгодишниот договор за одржување на Големата награда на Казахстан на патеката „Сокол“ во близина на Алмати беше потпишан лани, но трката оваа година нема да се одржи.

„Хомологациските работи на патеката, заедно со сегашните глобални оперативни предизвици, нè присилија на откажување на трката во 2023“, се наведува во заедничкото соопштение на МотоГП, Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM) и IRTA – Здружението на сите екипи кои учествуваат во МотоГП трките.

Откажувањето на трката во Казахстан ќе предизвика шестнеделна пауза, меѓу натпреварувањата за Големата награда на Холандија, која е на распоредот на 25 јуни и Големата награда на Велика Британија, која ќе се вози на 6 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2023 03:23