Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ги демантираше наводите во италијанските медиуми дека разговарал со претставници на Мерцедес околу тоа да го замени Луис Хамилтон во оваа екипа во Формула 1.
Договорот на Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот на оваа сезоната, а 38-годишниот седумкратен светски првак сè уште не постигнал договор за продолжување на соработката, иако директорот на екипата Тото Волф во текот на зимата навести дека тоа на некој начин ќе биде формалност.
Италијанските медиуми објавија синоќа оти е „јавна тајна“ дека Леклер разговарал со претставници на Мерцедес, по лошиот старт на Ферари оваа сезона.
Леклер, чиј договор истекува на крајот на 2024, тврди дека немало разговори со Мерцедес.
„Не. Засега не. Сега сум фокусиран на проектот во кој денес се наоѓам, а тоа е Ферари. Имам полна доверба и сигурен сум за иднината, Ќе видиме, но целосно сум уверен во проектот Ферари“, изјави Леклер