Јошко Миленковски по една и пол деценија повторно ќе биде предводник на македонските одбојкарски репрезентативци.

- По 15 години Јошко Миленковски е повторно селектор на македонската машка сениорска репрезентација. Старо-новиот предводник на националниот тим, ќе ја предводи репрезентацијата во Европската лига што ќе се одржува во Скопје од 30 Август, објави Одбојкарската федерација на Македонија.

Миленковски е актуелен тренер на ПАОК од Солун, клуб со кој го освои Купот на Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2023 16:35