Од 26ти до 30ти април во Осијек, Хрватска се одржува турнирот „Europеan Youth Series“ кој е прв од овој вид, а е организиран од Европската пингпонгарска федерација заедно со Хрватската пингпонгарска федерација. На туринрот се играат следните категории: мешани тимови до 13 и до 15 години, машки и женски поединечно до 13 и 15 години и машки и женски двојки до 13 и до 15 години.
На турнирот земаа учество околу 100 играчи од 15 земји од Европа меѓу кои се и македонските репрезентативци: Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Фани Јовановска од ППК Крушево, Матеја Смолиќ од ППК Рисови и Андреј Стојановски од ППК Крива Паланка, предводени од селекторот Сашко Богатинов. Како главен судија на турнирот е и Ангелина Иванова од Македонската пингпонгарска федерација, која ја доби довербата од ЕТТУ да го води овој турнир.
Македонските пингпонгари не ја поминаа групната фаза и не се пласираа на главниот костур.