Македонските каратисти Венцислав и Дејан Недев денеска и утре на покана на Италијанската федерација на традиционално карате (ФИКТА) ќе учествуваат на голем карате семинар во италијанскиот град Милано.

Како што соопшти Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), семинарот ќе го водат Сенсеи Карло Фугаца и Алесандро Кардинале под надзор на легендарниот сенсеи Хироши Шираи 10 дан.

На семинарот, во организација на ФИКТА, ќе бидат демонстрирани голем број карате техники (кихон, кумите, ката и бункај), кои се својствени само за традиционалното карате, а се измислени токму од сенсеи Хироши Шираи 10 дан.

Недеви редовно учествуваат на карате семинари ширум Европа водени од страна на сенсеи Хироши Шираи, посочуваат од МТКФ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2023 10:03