Шпанскиот тенисер Рафаел Надал навреме ќе биде подготвен за настап на овогодишното издание на Ролан Гарос, изјави неговиот тренер и вујко Тони Надал.

Надал нема настап на АТП турнирите оваа година од поразот во второто коло на Австралија опен од Мекензи Мекдоналд во јануари, кога го повреди колкот.

Неговиот медицински проблем беше дијагностициран како псоаза (повреда на мускулот псоас, еден од најсилните мускули флексори на колкот), за што вообичаено се потребни околу осум недели за закрепнување.

Меѓутоа, неговата рехабилитација течеше поспоро од очекуваното и Надал не настапи на турнирите во Монте Карло, Барселона и Мадрид, со цел да се подготовки за грен – слемот во Париз што стартува на 28 овој месец.

Во изјава за шпанските медиуми Тони Надал најави можност неговиот внук претходно да настапи и на турнирот во Рим што е на програмата од 8 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2023 03:26