Одбојкарките на Работнички ја одбранија ланската двојна круна откако по пехарот во купот, го освоија и шампионскиот трофеј во првенството 2022/23.

Во финалната серија од разигрувањето, Работнички беше поуспешен од тимот Јанта волеј со 3-1 во победи.

На четвртиот натпревар одигран вчеравечер во Кисела Вода, Работнички славеше победа по пет сета (20:25, 17:25, 25:19, 25:19, 5:15).

За Работнички ова е 16. шампионска титула.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2023 09:33