Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да се натпреварува на УС Опен оваа година.
Американските власти ќе го отстранат барањето за вакцинација против коронавирус за посетителите. Мерката ќе остане во сила заклучно со 11 мај.
Поради неговото одбивање да се вакцинира, Ѓоковиќ не можеше да се натпреварува на два Грен слем и шест Мастерса во изминатата година и половина.
УС Опен 2023 ќе се игра од 28 август до 10 септември.