Со заедничка акција на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) и индиската компанија „Tech Mahindra“ на крајот од идниот месец во Дубаи ќе стартува ново, уникатно, шаховско натпреварување – Глобална шаховска лига.

Најголемата и прва шаховска лига во светот ќе се одржи во главниот град на Обединетите Арапски Емирати во соработка со Спортскиот совет на Дубаи, во периодот од 21 јуни до 2 јули.

Како што соопштија денеска организаторите, ќе настапат шест селекции составени од по шест играчи, меѓу кои ќе има најмалку две шахистки и една легендарна личност од светот на шахот.

Лигата има за цел да направи револуцијата во шаховската игра, така што афирмирани таленти и таленти во развој ќе играат заедно во иста екипа.

Лигата ќе се игра во двокружен систем, 10 кола по забрзано темпо, а двете најдобри екипи ќе се пласираат во финалето, кое ќе се игра на 2 јули оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2023 04:30