Одбојкарите на Струмица Никоб и во штотуку завршеното првенство уште еднаш потврдија дека се неприкосновени во македонската одбојка. Годинава го ставија 19-от печат на шампионските и куп титулите, а тренерот Кирил Ричлиев на секоја од нив се потпишува - на пет како играч и на 14 како тренер.
Со вкупно 27 победи, 19 во регуларниот дел и 5 во плеј-офот и само еден пораз, струмичани докажаа дека се квалитетен тим кој постигнува извонредни резултати на домашната одбојкарска сцена. Секој натпревар го одиграа одлично, со многу малку грешки и доминација на теренот. Заслужена и убедлива победа беше запишано после секој натпревар на одбојкарите на Струмица Никоб.
Само во последните десет години струмичките одбојкари освоија 8 двојни круни и секоја сезона докажуваат дека на далеку познатата струмичка школа, која влече корени од 1947 година, останува недостижна за конкурентите.
-Оваа сезона за прв пат учествувавме во Лигата на шампионите. Во реванш натпреварот против холандскиот Динамо победивме со 3:1 во сетови, но го загубивме златниот сет и не се пласиравме во наредното коло. Продолживме во Купот на ЦЕВ, каде имавме двомеч со хрватскиот претставник Мурса од Осиек. Дома бевме поразени со 3:2, а на гостувањето со 3:1. Сметам дека одигравме одлични четири меѓународни натпревари и многу успешно ја презентиравме македонската одбојка и градот Струмица, а со тоа и познатата одбојкарска школа на Струмица, вели Ричлиев