Овогодишното финале од плејофот во американската професионална НФЛ лига е најгледаниот „Супербоул“ во историјата со просечна гледаност од 115.1 милиони, покажуваат најновите податоци.

Според претходните, првични, податоци, просечната гледаност на натпреварот во кој Канзас Сити ја совлада Филаделфија со 38-35 била 113 милиони, но рејтингот на агенцијата „Нилсен“ оваа бројка сега ја ревидираше.

Со тоа е надминат досегашниот рекорд поставен во 2015 година, кога просечната гледаност на финалето меѓу Њу Ингланд и Сиетл изнесуваше 114.8 милиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2023 05:16