Втората светска тенисерка Арина Сабаленка од Белорусија се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Мадрид од серијата 1000, совладувајќи попладнево во полуфиналето Гркинката Марија Сакари со 6-4, 6-1 во дуел што траеше 85 минути.
Сабаленка до финалето на турнирот во Мадрид дојде со шестата победа во деветтиот меѓусебен дуел со моментно деветто рангираната тенисерка на ВТА листата.
Белорусинката, која триумфираше на Мадрид Опен во 2021 година, ќе ја дознае својата противничка во финалето по вечерашното второ полуфинале во кое ќе играат најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска и Вероника Кудерметова, 13. на ВТА листата