Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи во квалификациите на трката за Големата награда на Мајами возени синоќа.
Второ најдобро време оствари Фернандо Алонсо од Астон Мартин, додека трет беше пилотот на Ферари Карлос Сајнц.
Актуелниот светски шампион во Формула 1 и лидер во тековната сезона, Макс Верстапен од Ред Бул ќе стартува од деветтата позиција на трката. Виновник за ваквиот исход во квалификациите е пилотот на Ферари, Шарл Леклерк кој доживеа несреќа во седмиот свиок. Тој се лизна и удри во бариерите. По несреќата на Леклер, трката не беше рестартирана и покрај тоа што до крајот останаа 1 минута и 36 секунди.
Главната трка за Големата награда на Мајами ќе се одржи вечер со почеток во 21:30 часот по македонско време.