Карлос Алкарас вчеравечер го победи Јан-Ленард Штруф на Мастерсот во Мадрид со 6:4, 3:6 и 6:3.
Алкараз и Рафаел Надал се единствените во историјата на овој АТП турнир (од 2002 година) кои успеале да ја одбранат титулата. Надал тоа го направи во 2014 година.
Шпанскиот тенисер ја освои четвртата титула сезонава и 10-та во кариерата. Ова е негова четврта победа на Мастерс турнирите. Тој никогаш не загубил финале на тоа ниво, станувајќи еден од тројцата играчи кои ги освоиле првите четири мастерс финалиња. Претходно тоа им успело на Џим Куриер и Мајкл Чанг.
Поразениот во финалето во Мадрид, Штруф стана првиот тенисер кој одиграл шест натпревари во три сета на еден АТП турнир. По овој резултат тој ќе го подобри својот најдобар пласман, станувајќи 28-ми рекет на светот. Ова ќе му овозможи да влезе во главната ждрепка на Ролан Гарос.