Екипата на Крива Паланка со победата врз Шампион Фа со 4:2 изминатиот викенд успеа да ја обезбеди титулата Државен првак во пинг-понг во женска сениорска конкуренција.

Трофејот на Крива Паланка и го донесоа: Ана Стојановска, Сара С. Стојановска, Сара А. Стојановска и Србинката Олга Павловиќ која ги доби клучните натпревари за овој тим.

На второто место е екипата на Шампион Фа од Штип, а третото го освои екипата на Берово каде што сите играчи се јуниорки.

Следниот викенд (13 и 14 мај) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одиграат последните кола и од машката Државна сениорска лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 09:59