Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е пресреќен за наградата „Лауреус“ во категоријата „Откритие на годината“.

-Неверојатно посебна ноќ во Париз! 🏆😍 Ви благодарам за наградата. Благодарност до академијата и сите што го овозможија ова. И, се разбира, честитки до сите победници и номинирани! 😘“, напиша Шпанецот на Твитер.

Дваесетгодишниот Алкараз кој изминатиот викенд го освои Мастерсот во Мадрид, во моментов е на втoрото место на АТП ранг-листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 10:30