Во присуство на членови на Собранието, олимписките Национални спортски федерации и истакнатите македонски спортски имиња, синоќа во Скопје се одржа редовното Собрание на Македонскиот олимписки комитет.

На Собранието беше презентиран извештај за Европските игри Краков 2023, летните Олимписки игри во Париз 2024 година, за новата веб страна на МОК како и новиот проект на МОК, „Златен денар за златен медал на македонските спортисти“.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски истакна дека секогаш ќе ги брани интересите на МОК и на Националните спортски федерации како највисоки Олимписки и спортски невладини институции кои го водат македонскиот спорт.

Димевски му врачи Златна плакета на МОК на Шабан Сејдиу, Олимписки великан, носител на два бронзени медали и учесник на четири летни Олимписки игри.

Првиот човек на МОК информира дека новите партнери на МОК, ЛИМАК ХОЛДИНГ и шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА, ќе ги поддржат најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на Европските игри Краков 2023, зимските младински олимписки игри Гангвон 2024 како и летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024.

Имајќи предвид дека следното Собрание е изборно, беа избрани и членови на Изборната кандидациона комисија на МОК.

Како нов член на Собранието на МОК, врз основа на замена, беше избран Кочо Димитровски, спортска и фудбалска легенда на македонскиот спорт, а како нов член на МОК е примена и Македонската Федерација за дигање тегови, како федерација чиј спорт е на листата на Олимписките игри Париз 2024 и е член на Меѓународната федерација за дигање тегови



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2023 03:27