Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз започнува утре, а оние кои ќе бидат извлечени ќе можат да купат исклучиво поединечни билети.

На жрепката за втората фаза се пријавени четири милиони луѓе, кои се надеваат дека ќе можат да изберат и купат влезници за тоа што најмногу ги интересира. Од 1.5 милиони влезници во оваа фаза достапни ќе бидат билети за отворањето на Игрите, по цена од 90 до 2.700 евра, како и за финалните натпревари во поединечните спортови, што не беше случај во првата фаза која се реализираше минатата зима.

Во првата фаза беа продадени 3.25 милиони евра по цена која се движеше од 24 до 200 евра.

Организаторите на Олимписките игри во Париз претходно најавија дека вкупната бројка на влезници ќе изнесува десет милиони, од кои осум милиони ќе бидат наменети за пошироката публика.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2023 02:18