На хиподромот во скопско Маџари, претстојниот викенд ќе се одржат мајски коњички турнири, 1. коло од отвореното Државно првенство и 1. коло од Куп на РСМ во прескокнување на пречки.

Организатори на натпреварувањето се Федерацијата на коњички спорт на РС Македонија и клубот за коњички спорт Илинден од Скопје.

На програмата се по шест натпревари во прескокнување на пречки во двата дена во класи А, Б, Ц, Д , Е и Е* со височина на пречките од 0,70 до 1,30м./ширина 1,30м.

Почетокот на натпреварите и во сабота и во недела е во 10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2023 14:04