Атлетичарот од Боцвана, Најџел Ејмос, најави дека го продава првиот олимписки медал во историјата на оваа африканска држава, кој го освои на Игрите 2012 во Лондон, бидејќи мора да го издржува своето семејство по изречената тригодишна суспензија поради допинг.

Ејмос беше суспендира на 3 мај, откако беше позитивен на метаболит на тестирањето пред ланското Светско атлетско првенство во Јуџин.

„Имав средба со тим кој сака да го купи олимпискиот медал за 4.5 милиони боцвански пули (339.750 долари), но кога документарецот за мојот живот ќе биде достапен на Нетфликс, вредноста би можела да порасне на 7.5 милиони пули“, изјави 29-годишниот атлетичар.

Ејмос на трката на 800 метри на Игрите 2012 во Лондон го освои среброто, што беше прв олимписки медал во историјата за Боцвана.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2023 03:52