Наградниот фонд за овогодишниот Ролан Гарос ќе изнесува вкупно 49.6 милиони евра, што е за 12.3 отсто повеќе во однос на 2022, објави денеска организаторите на грен – слем турнирот во Париз.

Организаторите истакнаа дека наградниот фонд е „значително зголемен“ со цел да се обезбеди поголема рамноправност во распределбата на заработката меѓу тенисерите.

Победниците во женска и машка конкуренција ќе инкасираат по 2.3 милиони евра.

Ролан Гарос е на програмата од 28 мај до 11 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2023 18:51