Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за емотивноста во големиот спорт.

- Кога ќе се соочите со тешкотии, особено ако сте маж, ќе ве осудуваат и критикуваат дека сте слаби. Ако се обидете да ги изразите своите чувства, исто така ќе бидете осудени бидејќи споделувањето на чувствата се смета за знак на слабост. Ми се чини дека е обратно. Солзите даваат прекрасно чувство на ослободување, го цитира Ѓоковиќ „Internazionali BNL d'Italia“.

Ѓоковиќ победи во мечот од второто коло на турнирот во Рим со Аргентинецот Томас Мартин Ечевери (7:6 (7:5), 6:2).

Во третото коло на турнирот во Рим, Ѓоковиќ за противник ќе го има Бугаринот Григор Димитров.

Србинот е бранител на шампионскиот трофеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2023 13:21