Стефано Доменикали изјави дека Формула 1 не треба да става кочница во тркалата на Ред Бул. Со ова тој стави до знаење дека нема никаква намера да се меша во работата на тимовите и покрај големата разлика во резултатите и можноста сезоната многу рано да стане неинтересна.

- Морам искрено да признам: оваа година Ред Бул работеше подобро од другите, ова е факт. Но, би било непромислено да се каже дека првенството е завршено. Не можеме да се мешаме во усогласувањето на силите. Убеден сум дека нашите активности поврзани со финансиските регулативи ќе помогнат да се минимизира техничкиот јаз, рече шефот на Ф1 на настанот на „Financial Times“.

Пилотите на Ред Бул победија на сите пет трки во сезоната 2023 и постигнаа четири двојни триумфи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2023 21:02