Германскиот возач Мик Шумахер зборуваше за односот кон суеверието и потенцијалното негово враќање во Формула 1.

- Верувам во хороскопските знаци. Јас сум Овен и ќе се пробивам со глава низ ѕид. Мојата цел е повторно да го добијам кокпитот во Формула 1. Како дете можев да одам секаде, да се дружам со кој било, но не ми се допаѓа како што стареам. Јас сум прилично срамежлив. Имам две личности: од една страна, јас сум тркач, од друга, обичен Мик. Односно, јас сум секогаш ваков, но на патеката се трансформирам во тркачот Мик, изјави Шумахер за „Speedcafe“.

Според пишувањата на германските медиуми, 24-годишниот возач може да го замени Логан Сарџент во Вилијамс.

Шумахер го напушти Хас на крајот од минатата сезона, бидејќи тимот реши да не го продолжи договорот со возачот. Во моментов тој е резервен пилот за тимовите на Мекларен и Мерцедес.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2023 10:07