Возачот на екипата Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изрази уверување дека сезонава може да дојде до победа во трките во Формула 1, истакнувајќи ја како најголема можност за тоа Големата награда на Монако.

Двократниот светски првак добро ја почна новата сезона, завршувајќи третопласиран во четири од првите пет трки, а Астон Мартин е на второто место во генералниот пласман на конструктори, зад шампионот Ред Бул.

Неговите пласмани на подиумот се прославуваат речиси како победа, а по серијата добри резултати 41-годишниот возач размислува и за победа.

На новинарско прашање, дали сезонава би можел да забележи „победа или две“, Алонсо во изјава за телевизијата Скај одговори: „Милам дека можам, да“.

„Нашиот болид е особено добар во свиоците, така што би рекол дека на најбавните патеки, како Монако, Будимпешта или Сингапур, во овој момент имаме најголеми шанси“, изјави Алфонсо.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2023 03:59