Дрвото е погодно за многу работи - изработка на кутии, пловила, полици за книги... Напојувањето на функционалните електрични уреди, се чинеше - не е меѓу нив, но истражувачите од Универзитетот на Линкопинг и Кралскиот институт за технологија во Шведска го обмислија и создадоа и првиот транзистор од дрво во светот. Научниците одлучија да употребат дрво бидејќи тоа е слаб спроводник на струја.
- Дрвениот транзистор е бавен и тежок, но работи и има огромен потенцијал за развој, вели електроинженерот Исак Енгквист од Универзитетот.
Користејќи балза од тврдо дрво поради неговата релативно висока јачина, мала густина и хомогена структура, Енгквист и неговиот научен тим го наполнија преостанатиот материјал со мешан полимер којшто спроведува електрон-јони, познати како 3,4-етилендиокситиофен - полистирен сулфонат.
Замислата не е нова, бидејќи истражувачите и претходно ја испитуваа можноста за користење растителен материјал како порозен контејнер за електрохемиски и спроводливи материи.