Казахстанската тенисерка Елена Рибакина триумфираше на ВТА Мастерс турнирот од серијата 1000 во Рим, откако нејзината противничка Анхелина Калинина од Украина го предаде финалето.

Откако Рибакина го одби првиот сет со 6-4 и поведе во вториот со 1-0 во гемови, Калинина одлучи да го предаде дуелот поради повреда. До тој момент Калинина со ништо не навестуваше дека има какви било физички проблеми.

За Рибакина, која во Рим допатува како шеста тенисерка во светот, ова е петти ВТА турнир во кариерата.

Претходно годинава, казахстанската тенисерка триумфираше во Индијан Велс, а нејзиниот најголем успех е освојувањето на Вимблдон лани.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2023 03:31