По само еден одигран натпревар познати се финалистите на плејофот кои ќе се борат за шампионска титула во машката суперлигашка пингпонгарска конкуренција.
Во Штип екипата на Телеком Нец 2 во неизвесен и крајно возбудлив натпревар со резултат 4:3 ја победи екипата на Шампиони ФА,и со вкупен резултат од 2:0 се пласира во финалето на лигата.
Во исто време во Берово се одигра натпреварот помеѓу Зегин Берово и Младост96 од Прилеп, каде гостите со резултат 4:1 изборија пласман во финалето.
Термините за финалните натпревари се закажани на 3 јуни во Прилеп, вториот натпревар на 4 јуни во Скопје и евентуален трет натпревар на 10 јуни повторно во Прилеп.
Викендов се играа и бараж-натпреварите за пласман во Супер лигата. ППК Младост и ППК Работнички остануваат во Супер лига за следната сезона. Резултати: Младост - Телеком Нец 4:0 Работнички – Астраион 4:2.