Викендов на МТВ 1 и Алсат почна да се емитува новата доку-серија „Радиус“ и во моментов најпопуларните македонски актери Ана Стојановскa и Дритон Вејсели ги видовме во улоги кои ќе ве освојат на прва.

Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји.

Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција. Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам“, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно не избежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор.

Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина.

Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Gley и на YouTube каналот Радиус.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2023 03:39