Стадионот „Леви’с“ во Санта Клара, официјално е избран за домаќин на 60. финале во американската професионална НФЛ лига - мегапопуларниот Супербоул, кој ќе се одигра на 8 февруари 2026 година.

Тоа ќе биде втор Супербоул во историјата на стадионот „Леви’с“, кој е изграден во 2014 година и е дом на НФЛ лигашот Филаделфија.

Претходно Санта Клара беше домаќин на јубилејното 50. НФЛ финале во кое на 7 февруари 2016 година, Денвер ја совлада Каролина.

Следниот Супербоул ќе се игра на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас, додека во 2025. домаќин на спектаклот ќе биде Њу Орлеанс.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2023 14:42