Возачот на Ферари, Карлос Сајнц ги демантираше информациите дека може да ја пропушти трката за Големата награда на Монако.

Сајнц се повреди на хуманитарен фудбалски натпревар, кој традиционално се одржува во Монте Карло една недела пред трката во Формула 1. Во вториот дел Сајнц беше принуден рано да го напушти теренот откако во еден од судир го повреди бутниот мускул.

По натпреварот, во медиумите почнаа да се појавуваат шпекулации дека повредата може да влијае на настапите на Сајнц во Монако.

Сепак, возачот ги отфрли таквите гласини со тоа што им се обрати на фановите на социјалните мрежи:

„Здраво на сите. Само сакав да им кажам на сите дека сум во ред и дека сум целосно подготвен за Големата награда на Монако. Она што се случи вчера беше само неврзан контакт за време на традиционалниот хуманитарен фудбалски натпревар. Не добив никаква повреда. Како и секогаш, уживав во играњето фудбал, а сега се подготвувам за претстојниот тркачки викенд“.

Главната трка во Монако ќе се вози в недела со почеток во 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2023 09:41