Гледам дека Артан Груби јавно стои позади проектот за Коридорите 8 и 10Д, па затоа го повикувам да го објави Договорот јавно и попладнето да седнеме на дуел, јас и тој, и јавноста да процени кој е во право кој не. Нека го направи тоа уште утре отсабајле, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето на „Само интервју“ на Телевизија Канал 5.

Николоски во текот на емисијата откри и други ексклузивни информации од Договорот а поврзани со енормно високите суми кои власта превземала обврски да ги исплати.

- Владата ќе плаќа над 2 милиони евра месечно или вкупно над 170.000 милиони за времетраење на договорот за работниците што ќе бидат ангажирани, а во било кој друг договор оваа сума не е повеќе од 10 милиони евра. За ископување на постојан асфалт ќе плаќаат 330 денари. Ако се направи споредба со договори потпишани од оваа Влада и нивни градоначалници, како на пример Договорот за Блаце, за оваа ставка плаќале по отприлика 140 денари по метар кубен. Ова е само еден мал дел од цените во договорот кој се и за 150% повисоки од досегашните договори за вакви инфраструктурни работи, додаде Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2023 20:03