Париз од денеска до 11 јуни ќе биде домаќин на вториот годинешен тениски грен – слем турнир Ролан Гарос на кој главни фаворити за титулата се Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз.
Со евентуален триумф Ѓоковиќ ќе ја освои рекордната 23 грен – слем титула и ќе стане најтрофеен тенисер на сите времиња, додека Алкараз ќе се обиде да ја освои својата прва грен – слем титула на земјени терени и да докаже дека е достоен наследник на сонародникот Рафаел Надал (22 грен – слем титули), кој поради повреда го откажа настапот на 127. Издание на Ролан Гарос.
Наградниот фонд за овогодишниот Ролан Гарос ќе изнесува вкупно 49.6 милиони евра, што е за 12.3 отсто повеќе во однос на 2022 година.
Победниците во женска и машка конкуренција ќе инкасираат по 2.3 милиони евра.