Американецот Рајан Краузер на саботниот атлетски митинг во Лос Анџелес го фрли ѓулето на далечина од 23.56 метри и со тоа постави нов рекорд во оваа дисциплина.

Двократниот олимписки првак со тоа го собори сопствениот светски рекорд од 23.37 метри, што го постави во квалификациите за Олимписките игри во Токио.

Новиот светски рекорд беше кулминација на фантастична вечер која Краузер ја имаше на митингот одржан на стадионот „Дрејк“ на универзитетот Калиформија (УКЛА).

Покрај тоа што го собори светскиот рекорд, Краузер уште два пати го фрли ѓулето на далечина над 23 метри (23.31 и 23.23) и со тоа сопственик на четирите најдобри остварувања во фрлање ѓуле.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2023 13:25