Љупка Аврамовиќ од клубот Бравадос викендот освои второ место на дводневниот меѓународен коњички турнир во прескокнување на пречки „Отворено првенство на град Белград“.

Македонската натпреварувачка забележителниот резултат го оствари во категоријата -Амазонки со височина на пречките 1,20 м. ширина 1,40 м.

Аврамовиќ на турнирот во Србија настапи со грлото Колпо Гросо.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2023 09:38