Жителите на Летонија денеска ги дочека големо изненадување, кога пристигнувајќи на своите работни места дознаа дека воопшто не требало да дојдат на работа.

Голем број Летонци ги изненади веста откако националниот парламент доцна вечер во неделата одржа итна седница и денешниот ден го прогласи за национален празник откако репрезентацијата во хокеј на мраз вчера го освои бронзениот медал на Светското првенство. За Летонија тоа беше прво мундијалско одличје во хокеј на мраз, кој е национален спорт во оваа балтичка држава.

Летонија, која беше кодомаќин на СП заедно со Финска, вчера по продолжение ја совлада репрезентацијата на САД во натпреварот за третото место, а победата беше бурно прославена во целата држава.

Летонскиот парламент потоа одржа вонредна седница, а пратениците облечени во дресови на хокеарската репрезентација едногласно го прогласија понеделник за неработен ден, „со цел да се зајакне значењето на успехот во социјалната меморија на општеството“.

На крајот е одлучено дека нема да работат судовите и факултетите, но испитите во средните училишта не се откажани, а вработените во овие установи ќе бидат дополнително платени за денешниот работен ден. Болниците, исто така, одлучија да ги примат пациентите за да се испочитуваат претходно закажаните термини.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2023 20:37