Организаторите на Грен слемот „Ролан Гарос“ излегоа со реакција на изјавата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата во првото коло со Александар Ковачевиќ (6:3, 6:2, 7:6 (7:1)).
По натпреварот, Ѓоковиќ пред камера напиша: „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“.
- Нема официјални грен слем правила за тоа што играчите можат или не можат да кажат. Француската тениска федерација нема да дава никакви изјави или да заземе став по ова прашање, се вели во соопштението на „Ролан Гарос“.
Самиот Ѓоковиќ, коментирајќи го неговиот чин, рече дека, повторно ќе го направи тоа и гпо цена да биде казнет.
- Не се сомневам дека би го направил тоа повторно, нагласи Ѓоковиќ.
Србинот во второто коло на „Ролан Гарос“ ќе игра со Унгарецот Мартон Фукович.