Македонската женска одбојкарска репрезентација со оптимизам го очекува вториот натпревар во Европската сребрена лига против Летонија, в среда во Скопје.
Дуелот против Летонките доаѓа по саботната пресметка против Австрија (0-3) во Скопје, што за македонските одбојкарки беше прв натпревар на меѓународната сцена по долга пауза.
- После долги години женската одбојка се врати на европската сцена преку Европската лига. Првиот натпревар против Австрија се одвиваше добро, иако секогаш може и подобро. За нас тоа беше прв натпревар после толку години и секако имаше позитивна трема меѓу нас играчите, изјави денеска репрезентативката Љиља Ковачевиќ за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Натпреварот против Летнија е закажан за утре со почетокот во 17: 30 часот во салата „Борис Трајковски“, а Ковачевиќ ги повика навивачите во што поголем број да ги бодрат македонските одбојкарки.
- Следниот натпревар е против Летонија, в среда, и ја повикуваме публиката да дојде во што поголем број да нè бодри и се надеваме на голем успех, рече Ковачевиќ.