Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд проговори за главниот тренер на клубот Хосеп Гвардиола.

- Гвардиола ме развиваше во текот на целата сезона. Конечно добро се запознавме. Јас и сите играчи сме мали составни делови на тимот. На крајот сè се сведува на фактот дека едноставно морам да го слушам, бидејќи тој е најдобриот тренер и најпаметниот играч што сум го сретнал, изјави Халанд.

Дваесет и двегодишниот фудбалер оваа сезона забележа 51 настап за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 52 гола и девет асистенции.

Граѓаните на 3 јуни ќе играат против Манчестер Јунајтед во финалниот натпревар од ФА Купот. На 10 јуни, Сити ќе се соочи со Интер во финалето на Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 14:40