Пилотот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон проговори за новата конфигурација на патеката „Каталуња“.
Почнувајќи од оваа година, организаторите решија да се откажат од последната шикана и да го направат последниот свиок многу побрз.
-На нашиот болид никогаш не му одговарала последната шикана. И јас никогаш не ја сакав. Така, сега, по излегувањето од свиокот 12, веројатно ќе притискаме на гас до крај. Нашите гуми ќе бидат многу среќни поради ова. Во принцип, ќе биде забавно, изјави „Хамилтон“.
Трката за Големата награда на Шпанија ќе се вози од 2 до 4 јуни на „Каталуња“ во Барселона.