На теренот на клубот Анималс во скопска Дрма викендов се одржа Првиот јунски коњички турнир и 2.коло од отвореното Лига првенство во прескокнување пречки.
Најдобро пласирани по категории:
Категорија Е со височина од 0,70 м.ширина 1 метар: 1. место Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од KK Илинден 2. Ина Илиевска со грлото Куаст од KK Aбравадос 3. Кристина Антовска со грлото Дон Октавијан од KK Анималс
Категорија А со височина на пречките од 0.90 до 1.10 м. и ширна 1,20 метар: 1. место Петар Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос 2. Место Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК Илинден 3. Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК Анималс
Категорија А со височина на пречките од 1.10 - 1.20 м и ширина до 1.30: 1. Петар Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос 2. Леонида Гроздановска со грлото Кардино од КК Анималс 3. Силја Дуковска со грлото Ехо од КК Илинден.